Услугата за електронски избор или промена на матичен лекар преку веб-порталот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија во мај ја искористиле 60.929 осигуреници. Според последните анализи спроведени во ФЗОМ, искористеноста на оваа услуга достигнува над 97 отсто каде што само за мај спроведени се вкупно 60.929 пријави, односно 174.858 пријави за периодот март-мај. Kако споредба за овој период спроведени се само 5.562 рачни пријави.
Со воведување на оваа услуга, како што се посочува, на осигурениците им беше овозможено електронска пријава или промена на избран лекар која претставува брза и едноставна процедура преку која веднаш го остваруваат своето право, а за избраните лекари дополнителна алатка за следење на своите пациенти, како и изготвување дополнителни анализи за свои потреби.
Преку воведување на електронските услуги ФЗОМ на освоите осигуреници им овозможи 24/7 шалтерска услуга преку која можат да ги остварат своите права, а со тоа успеа да ги намали метежот и нервозата пред шалтерите во своите подрачни служби. Фондот за здравствено осигурување продолжува и понатаму активно да работи со цел да се доближи до своите осигуреници и да им го олесни остварувањето на своите права, соопшти Фондот.