Лекарите го спасија 16 год девојче повредено со сообраќајката – Ги загуби мајката и 6 годишната сестричка


Девојчето кое вчера беше повредено во тешката сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен, 24 часа по инцидентот во кој загинаа нејзината мајка и помладата сестра е во стабилна здравствена состојба, пренесува Макфакс.

soobrakjajka sudirВчера рано попладне на патниот правец Битола – Ресен спроти село Братиндол се случи сообраќајна незгода во којашто учествуваат „тико” управувано од 45-годишната Сузана К.(45) од селото Подмочани, ресенско и автомобил „форд ескорд” управувано од 44 годишен битолчанец.

Во незгодата на лице место почина Сузана, додека нејзините две деца, шестгодишната Емануела и десет години повозрасната ќерка, како и возачот на „фордот” се стекнаа со тешки телесни повреди и беа пренесени во Клиничката болница Битола.

Вчера лекарскиот конзилиум соопшти дека и 16-годишното девојче е во животна опасност, но сега од Клиниката соопштиле дека таа е во стабилна здравствена состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1