Лекарка од Србија на странци им продавала деца со проблеми во развојот за натамошно посинување, открива српскиот весник Блиц.
Во периодот од 2006 до 2011 година д-р Јасмина Јанковиќ посредувала во 30 посинувања.
Обвинителството може да почне со истрага и да утврди во колку од овие 30 случаи лекарката од странците барала големи суми долари.
Американската државјанка Кејси Калварези во весникот директно ја обвини д-р Јанковиќ, во тоа време експерт во Центарот за деца со проблеми во развојот, дека од неа побарала и добила 8.000 долари и многу подароци, за да посредува во посинувањето на малата Софија, која има аутизам, иако процесот на посинување во Србија во пракса е бесплатен. На се што тогаш им се случувало на странците, докторката се обидела Американците да ги измами и со неповолниот курс на еврото.
Весникот утврдува и други случаи на странци кои и плаќале на лекарката за да можат да посинат дете.
Репортерите на Блиc направиле обид да се поврзат со Јасмина Јанковиќ за и таа да ја каже својата верзија на приказната. Кога слушнала дека ја бараат новинари од Блиц, таа им го затворила телефонот.