Двајца доктори и две сестри од кумановската болница се позитивни на коронавирусот, но се во стабилна здравствена состојба и се во домашна самоизолација, информира директорката на кумановската општа болница, Снежана Захариева.
– Тие се во домашна самоизолација, бидејќи немаат потреба од болничко лекување. Засега немаат покачена телесна температура, ниту други симпотми и поради тоа не се на болничко лекување, туку се во самоизолација, рече директорката Захариева.
Доктор Гордана Николиќ од Куманово, која била во службен контакт со починатата жена кај која пост мортем беше откриено присуството на коронавирусот, е исто така позитивна за ковид 19.
-Ковид 19 не е шега! Да, позитивен ми е тестот. Денес дознав, шок. Не сакам да верувам. Немам на писмено ама ми соопштија. Ова не се крие, се кажува. Допрва ќе има случаи. Но, за нас медицинските лица тоа е нешто што знаеме дека може да ни се случи, данок на професијата, космонаутската заштитна маска доцна ја купив значи. Можам само да претпоставам од кого го добив, не да тврдам. За тоа епидемиолозите ќе се погрижат, ако можат воопшто нешто да најдат. Имав коонтакт, службено и со заболената која почина, имав контакти и со здрави луѓе на работа. Не шетав никаде надвор од Македонија. Не знаеме кој е носител а е навидум здрав. Никој не сака свесно да пренесе некому затоа седете дома. Вие кои не морате да одите на работа, седете дома. Не одете на кафе по комшии, правете муабет на растојание од два метри ако веќе морате. Користете мобилен за муабет, Еве ќе бидам во карантин дома, нема да излегувам од дома за да не ми се плашат прво комшиите во влезот. Нема ни во лифт да се возам да знаат. Кеси со храна и друго пред врата ќе ми оставаат мои блиски и откако ќе си заминат ќе ја земам кесата. Не се плашам за мене, се плашам за другите. И се си мислам дека ова е лош сон ама не е. Реалност е. Отидов да пијам чај и сок од лимони, да правам смути, да пијам суплементи. За сега сум океј, освен главоболка и лесно кашлање немам други симптоми. Цел живот со нешто се борам и еве пак. Чувајте се, постот го пишувам за доброто на сите, истакна доктор Николиќ. напиша докторката на својот Фејсбук профил.
Во оваа фаза со овој број на заболени од болницата, јавната здравствена установа може да одговори на потребите на пациентите од североисточниот регион, но ако се прошири бројот на заболени тогаш, додава Захариева, ќе бараме помош од Министерството за здравство да испрати персонал од други здравствени установи.
Инфективното одделение кое е посебна зграда, ќе служи за изолација на пациенти кои имаат симпотматолгоија од коронавирус, за оние кои треба да се тестираат, оние кои имале контакти со заболени.
Одделението за уво, грло и нос кое исто така е посебна зграда сега е преадаптирано за пациенти заболени од други болести, зголемена температура, гнојна агина, стомачен вирус.