Шест месеци да зема 30 отсто помала плата и шест месеци да работи само прва смена под надзор на друг специјалист, е одлуката на дисциплинската комисија на Клиниката за гинекологија за лекарката педијатар која била дежурна ноќта кога четири новороденчиња починаа на ГАК пред околу три недели, пишува Плусинфо.
Освен тоа, дисциплинската комисија одлучи да и биде одземена и субспецијализацијата за неонатологија.
Одредени медиуми неофицијално објавија дека лекарката педијатар во време на дежурство ја напуштила клиниката во 15.30 часот, а смртта на првото бебе се случила во 15.45 часот, па се појавила дури откако и било јавено дека починало бебето.