Лекот за кожни болести „бетрион“ на „Плива“ повлечен од продажба


Три серии на маста „бетрион“ (мупироцин) на компанијата „Плива“ за лекување кожни болести, ќе биде повлечен од продажба поради неисправност, објави Хрватската агенција за лекови и медицински производи (ХАЛМЕД).pliva11

ХАЛМЕД додава дека се повлекува серијата „331104“, „332104“, и „131084“ од наведениот лек поради потенцијална пеницилинска контаминација.

Како што се наведува, сомневањата во неисправноста се заснова на можноста од пеницилинска контаминација на активната супстанца (мупироцин) серија „W656993“, која се користела при производството на трите серии.

Повлекувањето се спроведува до ниво на велепродажба, и според податоците со кои располага ХАЛМЕД, наведените серии на лекот повеќе не се достапни во велепродажба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1