Лекувањето на Шумахер чини 20.000 евра дневно, до сега потрошиле 14 милиони евра


Михаел Шумахер (46), седумкратниот победник на Формула 1, веќе 17 месеци закрепнува од тешката несреќа на скијање во Франција, а некои медиуми пресметале  колку пари неговото семејство досега потрошило за неговото лекување.

За здравјето на Шумахер се грижат 15 медицински стручњаци, а неговото лекување отприлика чини по 140.000 неделно. Според истите извори, досега за лекувањето на легендарниот возач се потрошени 14 милиони евра.

sumaher33

Во почетокот на март беше објавено дека управувањето на имотот на Шумахер го презела неговата сопруга Корина, а богатството тогаш било проценето на околу 700 милиони евра..

Меѓутоа наспроти големото богатство на Шумахер, неговата сопруга одлучила да го продаде луксузниот имот за одмор во местото Трисил, северно од Осло, Норвешка, вреден 2,8 милиони евра, а кое го поседувале 20 години.

Треба да се нагласи дека Корина порано гопродала и нивниот приватен авион за 34,4 милиони евра.

Шумахер несреќата ја доживеа во декември 2013 година, кога падна за време на скијање, и со глава удрил во карпа и се здоби сотешки повреди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1