Исповед на Србин кој преживеа масакр: Со години сонувам како монструмот повторно ми го убива семејството!


Ѓорѓе Ристиќ, кој пред 13 години беше ранет и едвај извлече жива глава во Лесковац, по масакарот во Мартонош денес се сеќава на траумите од крвавото беснеење на Драган Чедиќ.

-Во моментот кога ја слушнав веста за несреќата во Мартонош пред очи ми се појави Драган Чедиќ и сликата од мојата покојна мајка Бисерка, која со своето тело ме штитеше од вознемирениот убиец кој стрелаше кон мене. Иако монструмот е мртов, сепак кај мене се уште владее стравот, раскажал Ристиќ.

srbin masakr

Чедиќ во јули 2002 година со истрели од автоматска пушка, на три различни локации во Лесковац ја убил поранешната сопруга Билјана (28) и шест членови на нејзиното семејство, додека пак ранил четворица. По крвавиот масакар, тој се самоубил.

-Тоа што го направи Раде Шефер е идентично злосторство како она на кое присуствував во 2002 година. Чедиќ тогаш ја уби мајка ми, нејзината сестра, тешко го рани мојот татко, мене и неколку пријатели, вели Ристиќ кој му благодари на Бога што останал жив.

Тој додава дека избегнува да излезе од дома, го сонува и се уште стравува дека еден ден ќе се појави на неговиот праг вооружен до заби.

На кобниот ден, Драган Чедиќ упаднал во семејната куќа на Ристиќ, но никој не го видел. Тие го забележале дури кога ги слушнале истрелите од огненото оружје. Таткото на Ристиќ истакнува дека оваа трагедија не би се случила доколку полицијата реагирала на време.

-Билјана го пријави во полиција, но тие ништо не превземаа, објаснува Благоја.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1