Во автомобил во Косово правени плановите за нападот во Куманово


Од една страна нови обвинувања за учество на македонски тајни служби во формирањето и активностите на кумановската група осомничена за тероризам, а од друга страна истата таа група планирала ослободување на озлогласени косовски криминалци од затвор за да заминат во Сирија. Косовските медиуми не престануваат да исфрлаат вести за кумановските настани во кои загинаа 8 полицајци и десет терористи, јавува Телма.

panteri

Преку косовската државна телевизија во емисијата „Паротла“, командант Пантери со вербална офанзива и обвинувања дека македонски тајни агенти се среќавале со водачите на кумановската група осомничена за тероризам. Хамди Ндрецај алиас Пантери не е во сродство со Мирсад Ндрецај загинатиот командант НАТО. Спомнува и имиња на македонски политичари, агенти и функционери кои според него се вклучени во кумановскиот инцидент.

Новинар: Има еден клучен човек, висок претставник на македонската тајна служба кој дошол и се видел со Вас во Феризај (Урошевац)?

Хамди Ндрецај (Пантери): Да, тоа е точно. на почеток не знаев дека работи за македонската тајна служба.

Пантери  во интервјуто  го означува ова лице како човек со кого се сретнал во Феризај (Урошевац) во автомобил БМВ со скопски таблички и како разговарале за активности во Македонија.

Бедри Красниќи од затворот во Подуево на 12 април преку телефон разговарал со лице од Косово на кое му објаснувал дека за инцидентите во Македонија може да среди купување на оружје за 3 илјади евра. Од затворската ќелија Красниќи тврдел дека може да помогне во набавка на десет парчиња експлозив за Македонија, пишува приштинска Коха Диторе која најави дека утре ќе објави за што зборувале 4-ца припадници на кумановската терористичка група со вработени во македонската тајна полиција, пишува Телма.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1