Лелеци и плач – Дениса замина во вечното почивалиште – Прилеп завиен во црно


Со тага и болка денеска во Прилеп, е погребана Дениса Маркоска.

Само лелеци и плач се слушаа од куќата на Дениса. Неизмерна е болката на родителите кои месец и пол беа во шок, во очекување на позитивна вест, со надеж дека иако исчезна од бродот, Дениса сепак ќе се појави од некаде. Бидејќи според нивните зборови, пред да се случи трагедијата, со сите нивни контакти, особено една недела пред кобниот ден, таа била среќна и весела што уште една година го продолжила договорот за работа на бродот Серенисима, кој пловел во водите на Егејското Море под руско знаме, пишува Утрински весник.

denisa-500ythj45u45hyu45yuh45y45

Експертите од Институтот за судска медицина на Македонија потврдија дека телото што пристигна во Грција и’ припаѓа на исчезната девојка, а наскоро треба да соопштат и дали смртта настапила пред таа да биде фрлена во морските води.

Телото на Дениса доцна синоќа беше донесен во домот на нејзините родители. Веднаш по објавувањето на резултатите од повторната обдукција и ДНК анализата направени во Институтот за судска медицина со кои  беа симнати сите сомнежи и потврдено дека станува збор за 23 годишната девојка  која  на почетокот од октомври  беше пронајдено во близина на грчкиот остров Карпатос.denisa-1-500

Дениса исчезна на 12 септември. Според изјавите на очевидците последен пат била видена на палубата како пуши цигари, два и пол часа пред да и’ почне утринската работа во кујната. Кога нејзините колеги забележале дека не се појавила на работното место, веднаш го алармирале капетанот на бродот. Откако бродот допловил на копно и сите патници го напуштиле, капетанот пријавил дека исчезнала девојката.

Бродот немал безбедносни камери во делот за персоналот, ниту служба за обезбедување.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1