ЛЕНЧЕ РИСТОСКА КОЈА ГО СТАВИ В ЗАТВОР МИЈАЛКОВ Е ДОБРА, НО ПРЕМЛАДА ЗА ВИШО ОБВИНИТЕЛСТВО


Ленче Ристоска е добар обвинител, но млада за во Вишото јавно обвинителство и возраста е таа која вчера не само неа, туку и на другите млади обвинители со добри достигнувања им се испречи на патот за унапредување, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК членови на Советот на јавни обвинители.

Ленче Ристоска, заедно со Артан Ајро и Трајче Пеливанов, заврши сложена истрага за Специјалното обвинителство за „Тврдина-Таргет“, го докажа обвинението дека без судски налог, со години се прислушувале граѓани, и главниот обвинет Сашо Мијалков го стави во затвор со првостепена казна од 12 години.

Oбвинителката Ленче Ристоска во изјава за 360 степени не го криеше своето разочарување од одлуката на Советот на јавни обвинители. Посакува барем да имало образложение зошто членовите на Советот гласале така како што гласале.

„Јас сум разочарана од одлуката на Советот. Навистина не знам зошто, и покрај демонстрираниот професионализам и интегритет, работата на случаи како „Таргет-Тврдина“, „Талир 1“ и „Талир 2“ и, паралелно, со тоа работа во „Еуроџаст“, за која сум пофалена од самата институција, јас не заслужувам унапредување“, вели таа.

Додава дека ќе беше убаво да ги слушневме и причините и размислувањата на членовите на Советот, а не само нивната конечна одлука.

Обвинителите од поранешното СЈО, Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, како и обвинителките Катерина Коларевиќ и Наташа поп Трајкова, ќе бидат обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

На вчерашната седница на Советот по рамковна застапеност сепак во Вишото избра два помлади обвинитела, Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми, кои и без тоа имаа најдобри оценки. И за нив претседателот Ацо Колевски прочита максимални 25 поени и со нивниот избор по национален клуч никого не оштетија, бидејќи беа со најдобри квалификации меѓу конкурентите.

Во Вишото обвинителство влегоа и долгогодишните обвинители Сашо Рајчев – Јавниот обвинител на Скопје, колешката Снежана Бундалевска – Георгиеска и Наум Паноски, кој ја води истрагата за бегството на Груевски од 2018 година.

За обвинители во Обвинителството за организиран криминал беа избрани Пеливанов и Ајро од „Тврдина-таргет“ и од „Трезор“, Лиле Стефанова што го води случајот „Империја“ за фирмите на Орце Камчев, Катерина Коларевиќ од ОЈО Скопје и Наташа Поптрајкова од ОЈО Струмица.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1