Движењето за социјална правда „Ленка“ и левичарското движење „Солидарност“ денеска на Градскиот плоштад во Куманово организираa првомајски протест на кој учествуваа работници, стечајци, невработени и студенти.
На присутните им се обрати Ангела Богоевска, која побара од Владата подобрување на услови за работа и поголеми работнички права.
– Бараме измена на Закон за материјално обезбедување на невработени лица од државните фирми и тоа да ги опфати сите стечајци. Законот за минимална плата да не дискриминира и ефективно да ги казнува прекршителите. Ослободување на право на штрајк од законски стеги. Правото на синдикално организирање да не биде мртва буква на хартија. Владата, преку сопственото и дејствување на нејзините институции, да го обезбеди почитувањето и да го гарантира правото на синдикално организирање, Изјави Богоевска.
Таа додаде дека зад овие барања стојат: Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Синдикатот на вработени од управа, правосудни органи, здруженија на граѓани, Левичарското движење „Солидарност“, Движењето за социјална правда „Ленка“ и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија.
Работниците протестираа низ кумановските улици и завршија пред центарот за социјални работи каде ги повторија своите барања.
Извор: www.kumanovonews.com