Клетвата на Бенфика: Фрлена пред 50 години се уште е јака – ќе удри ли повторно?


Откако доби неочекуван отказ во 1962 година, искусниот унгарски стручњак го проколна португалскиот клуб и посака истиот никогаш да нема успех на европската сцена

220px-Guttmann_1953Во истата година, Бенфика славеше во финалниот натпревар од Купот на шампиони, но само неколку месеци подоцна клупските челници му врачија отказ на познатиот унгарски стручњак Бела Гутман кој подоцна го проколна тимот и му посака никогаш повеќе да не освои трофеј на европската сцена.

Од тој момент, па до денешниот ден, Бенфика има одиграно пет финални натпревари во Купот на шампиони и два во Купот на УЕФА и Лигата на Европа и сите ги има загубено.

Реванш полуфиналниот дуел од Лигата на Европа, против италијанскиот калчогигант Јувентус, најдобро ќе покаже дали фудбалерите на Бенфика повторно се на вистинскиот пат за најпосле да стават крај на проклетството наречено “Бела Гутман”. Избраниците на Жорге Жезус прво ќе се обидат да го елиминираат италијанскиот калчолигаш, а потоа и со евентуалниот триумф во финалниот натпревар да стават крај на долгиот пост на европската сцена, кој започна во далечната 1962 година.

benfica curse– Јас добро знам дека се може да се случи во Торино, дека се е отворено. Повторно ќе играат две големи екипи, кои можат да постигнат погодок во било кој момент. Бенфика има малку поголеми шанси за пласман во финалниот натпревар, но ништо не е загубено за Јувентус. И во Португалија и во Италија се убедени дека нивниот тим ќе биде победник во полуфиналната рунда, но некој заборава дека ние имаме и предност од еден гол. Јувентус има предност што реванш дуелот го игра во Торино, но од друга страна, ќе бидат под голем притисок. Немаат право на ниту една грешка, сакаат на својот стадион да го одиграат и финалниот натпревар, изјави предводникот на Бенфика, Жорге Жезус.

Ако проклетството на “Бела Гутман” е мотив плус за Бенфика, тогаш финалниот натпревар од Лигата на Европа, кој ќе биде одигран во Торино е мотив плус за најверојатно, старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1