Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо во интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјави дека со големо задоволство би прифатил да ја одигра улогата на претседателот на РФ Владимир Путин.
– Путин би бил многу, многу интересен, со големо задоволство би ја одиграл таа улога – рече познатиот актер.
Ди Каприо исто така рече дека со Владимир Путин се сретнал пред неколку години во Санкт Петербург на форум посветен на заштита на сибирските тигри.
– Мојот фонд пружа финансиска подршка на бројни проекти за заштита на овие загрозени животни. Путин и јас разговаравме за зачувување на величествените амурски тигри, а не за некаква политика.
Ди Каприо исто така призна дека е воодушевен од руската историја.
– И Ленин би бил многу интересна филмска улога. Со задоволство би го одиграл и Распутин. Сметам дека за руската историја би требало да се снимаат повеќе филмови, рече Леонардо Ди Каприо, а пренесе агенција РИА Новости.
Извор: Руска реч