Леонардо ди Каприо сака да го игра Путин


Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо во интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјави дека со големо задоволство би прифатил да ја одигра улогата на претседателот на РФ Владимир Путин.leonardo di caprio

– Путин би бил многу, многу интересен, со големо задоволство би ја одиграл таа улога – рече познатиот актер.

Ди Каприо исто така рече дека со Владимир Путин се сретнал пред неколку години во Санкт Петербург на форум посветен на заштита на сибирските тигри.

– Мојот фонд пружа финансиска подршка на бројни проекти за заштита на овие загрозени животни. Путин и јас разговаравме за зачувување на величествените амурски тигри, а не за некаква политика.

Ди Каприо исто така призна дека е воодушевен од руската историја.

– И Ленин би бил многу интересна филмска улога. Со задоволство би го одиграл и Распутин. Сметам дека за руската историја би требало да се снимаат повеќе филмови, рече Леонардо Ди Каприо, а пренесе агенција РИА Новости.

Извор: Руска реч

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1