Една од најпопуларните пејачки на Балканот, Лепа Брена,која во животот ја следеле многу незгоди, кога станува збор за нејзината здравствена состојба, таа за српските медиуми открила кој и помогнал да се излекува.
– Имав голем здравствен проблем во најголемиот ек на мојата кариера кога во Домот на младите го одржав својот 31-ви концерт. По последниот концерт се разбудив со огромен херпес кој се простираше од усните преку вратот. Не знаев што да правам, бидејќи постојано ми се повторуваше. Успеав да дојдам до докторот на Тито, кој ми направи инекција и откако ми ја даде повеќе никогаш во животот немав проблем со херпесот – признала Брена во емисијата „Прес претрес“.
Таа на шеговит начин објаснила како за кратко време ги скршила двете раце и таа повреда и се повторила.
– Кога станува збор за тоа кој „газдува“ во нашата куќа Бобо има посилна рака, а јас имам поцврста. Така ги скршив двете раце, бидејќи често тропав со рацете на маса низ смеа изјавила пејачката која додала дека љубовта кон нејзиниот сопруг Бобан Живоиновиќ не престанува со години.
– Боба во бракот е голем дипломат и многу е нежен, додека пак, јас сум тврдоглава и по цена на животот некои работи ги терам докрај – изјавила пејачката и сопственичка на „Гранд “ продукција.
Лепа Брена и поранешниот тенисер се во брак 24 години, а со него ги има синовите Стефан и Виктор.