Балканската фолк-ѕвезда Лепа Брена (55) по вторпат боледува од тромбоза, опасна болест на крвните садови, пренесуваат српските медиуми.
Пејачката испратила своја крв на анализа во САД каде што и била потврдена дијагнозата.
– Велат дека тробозата сум ја добила од голем напор. Сакав да го издржам тоа темпо на 45 години како кога имав 25 години. По тие проблеми сепак одлучив помалку да работам- изјавила 55-годишната пејачка за српски „Блиц плус“.
– Пијам лекови за разредување на крвта. Секој ден без исклучок. Некој пие лекови за срце, а јас пијам лекови за да не ми се згрутчува крвта бидејќи тоа би било кобно за мене – открила пејачката и додала дека наспроти оваа болест таа се труди да биде оптимистички расположена и ведра.
Лепа Брена се уште е активна на сцената, присутна е во медиумите, а не го занемнарува ниту социјалниот живот. Неодамна не интернет се појави снимка од нејзин концерт на кој таа се кара со еден фан кој дошол преблизу до сцената.