Големата фолк ѕвезда Лепа Брена била сведок на врската на пејачот Мирослав Илиќ и Мирјана Антоновиќ, а сега откри детали за раѓањето на нивниот син Девин, кого фолк пејачот никогаш не го призна.
Сопственичката на „Гранд продукција“ вели дека сите овие 30 години и давала поддршка на својата пријателка, која живее во САД. Таа нагласи дека Девин и Мира се како дел од нејзиното семејство.
-Боба и јас знаеме за таа приказна уште од 1984 година. Молчевме сите овие години бидејќи сакавме да го заштитиме Девин, а не сакавме нашата изјава да наруши нечиј семеен живот. Секој треба првин да си го среди својот дом, па потоа да гледа во туѓиот двор. Мира и Девин ни се пријатели. Таа е прекрасна жена со која не морам да се слушам секој ден за да знам дека нашето пријателство е цврсто. Таа е успешна и реализирана жена. Може да кажам се најдобро за неа и за нејзиното семејство, особено за Девин, изјави Брена.
Таа вели дека денес е многу лесно да се докаже татковство и дека луѓето се спојуваат и се разделуваат, а децата не треба да страдаат поради тоа.
-Кога Девин се роди, сите не маѓепса. Поминаа 30 години, а тој веќе е реализирано момче, паметно, образувано и воспитано и сето тоа благодарение на неговата мајка. Тој ја сака музиката. Го сакам него како што ги сакам моите деца и тој е дел од моето семејство. Секогаш ќе бидеме покрај него без разлика на околностите, додаде пејачката.
Vistina.mk