Народот вели пред Божик зад Божик, кај и да си дома да си. Зошто тогаш семејството е заедно, на купче околу трпезата. На посна вечера и во исчекување на адетот на кршење на бадниковото лепче. Лепчето со паричка е задолжително, а тука се и гравчето, сармата, рибата… Домовите се украсуваат со дабови гранчиња. За оној кај кој ќе се падне паричката се верува дека во текот на целата претстојна година ќе има среќа и бериќет.
Рецепт за лепче со паричка.
250 мл млака вода
1 квасец
50 мл маслиново масло
1 лажичка сол
пола лажичка шеќер
1 лажичка сусам
1 лажичка буковец
1 лажичка оригано
1 лажичка семки од сончоглед
1 лажичка семки од тиква
1 лажичка ленено семе
1 лажичка афион
500 гр брашно
1 лажица палента
Подготовка:
Со овие состојки се замесува тесто помеко и се остава да кисне 20 минути. Потоа пак се размесува, се прави векна. Се остава да кисне уште 15 минути па се става паричката и се враќа во рерна. Лепчето се пече на температура од 180 степени.