Лесно исчистете го садоперот од дамките од бигор


Лошата страна на садоперите од нерѓосувачки челик се белите траги од бигор. Перењето со детергент и бришењето со влажна крпа релативно лесно го одржуваат чист, но бигорот, трагите од маснотии и тврдокорните дамки од храна бараат екстра напор.

Како алтернатива, постои ефикасен и едноставен начин на чистење на садоперот, по кој кујната ќе ви заблеска. Потребни ви се само сода-бикарбона и оцет.sadoper cistenje

1. Прво, исперете го целиот садопер со вода. Испирањето има две главни улоги: водата ја брише површинската прашина и остатоците од храна и создава влажен слој преку површината, која служи како подлога за сода-бикарбоната.

2. Посипете од содата по целиот садопер. Исчистете го садоперот и славината. Сода-бикарбоната е супер начин да се исчисти нерѓосувачкиот челик – доволно е груба да ги отстрани остатоците од бигор и храна. Од друга страна, тоа што е прехранбен продукт значи дека нема да останат силни хемикалии во контакт со садовите.

3. Изрибајте го садоперот со четка со меки влакна. Мете да користите една поголема, за поголемите површини, и една мала, за славината и сличните детали. Стара четка за заби може да биде идеална за чистење на рабовите и славината, но и за решетката на одводот на садоперот.

4. По рибањето, во шише со распрскувач ставете малку оцет и распрскајте го по садоперот. Особено напрскајте ја решетката на одводот – таа содржи најмногу бактерии, бидејќи таму се собираат остатоците од храна во текот на миењето на садовите. Оцетот и содата, при контакт, создаваат пена. Некои студии велат дека оваа комбинација неутрализира дури 99% од бактериите и 80% од вирусите. Киселоста на оцетот влијае и на опуштањето на алкалниот калциум, што го прави навистина погоден за чистење на садопери од нерѓосувачки челик.

5. Исперете го садоперот со вода, триејќи ги со крпа остатоците од оцетот и сода-бикарбоната. Кога ќе завршите, садоперот прилично ќе сјае. Ако не сте задоволни, можете дополнително да го исполирате со крпа на која ќе ставите малку маслиново масло.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1