Лесно за правење – Милка торта без печење


Состојки:

  • 1 л млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 3 пудинзи од ванила
  • 300 гр Mилка млечна чоколада
  • 100 гр бела mилка чоколада
  • 500 мл слатка павлака
  • Плазма кексhitkujna-milka

Подготовка:

  • Во 200 мл млеко разматете ги пудинзите и шеќерот.
  • Остатокот од млекото ставете го во сад и оставете да зоврие.
  • Додадете ги пудинзите и шеќерот и мешајте се додека не добиете пудинг смеса.
  • Готовата смеса поделете ја на два дела.
  • Во едниот дел ставете ја млечната а во другиот дел белата чоколада.
  • Мешајте се додека чоколадата не се растопи.
  • Потоа оставете ги двата дела да се оладат.
  • Измиксирајте ја слатката павлака.
  • По ¼ од павлаката додадете во смесите со чоколадо.
  • Во кружен  сад ставете фолија на дното и од страните и излијте ја белата смеса и дел од темната смеса.
  • Нежно промешајте за да се направат кафеаво -бели шари.
  • Одозгора ставете го остатокот од павлаката, па остатокот од смесата. Израмнете нежно,
  • Бисквитите потопете ги во млеко и редете ги врз тортата.
  • Откако ќе завршите, покријте го колачот со фолија и оставете го во фрижидер неколку часа.
  • Извадете го колачот, отрстранете ја последната фолија и превртете го садот со колачот врз послужавник или сад кој е со малку поголем обем од колачот.
  • Отрстранете го калапот и колачот е готов.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1