МРТ, по анализата на случувањата околу неемитувањето на финалната вечер на фестивалот „Макфест”, отказ им подели на четворица вработени, а суспензија и парични казни добија уште неколкумина директни учесници во продукцијата на фестивалот.
„Македонската радио телевизија уште еднаш се извинува на јавноста поради скратената можност фестивалот „Макфест” да биде проследен во живо“, соопштија од МРТ.