ЛЕТОВИТЕ СЕ ПРЕНАСОЧУВААТ: Авиокомпаниите ја заобиколуваат Украина


По соборувањето на малезискиот авион со 295 патници и членови на екипажот над Украина, голем број меѓународни авиокомпании соопштија дека ќе ги запрат или пренасочат летовите над источниот дел од земјата.

lufthanza– „Луфтханза“ одлучи да го избегнува просторот над Источна Украина и таа одлука веднаш стапува во сила, соопшти портпаролката на најголемата германска авиокомапнија, додавајќи дека авионите и понатаму ќе слетуваат во Киев и во Одеса.

„Туркиш ерлајнз“ исто така соопшти дека ќе го избегнува украинскиот воздушен простор, а истото го потврдија и британската „Вирџин“, руските „Аерофлот“ и „Трансеро“, како и француската авиокомпанија „Ер Франс“.

Неименуван извор од Руската федерална агенција за воздушен сообраќај тврди дека Киев пред три дена го затвори воздушниот простоир над Доњецк и Луганск за цивилен авиосообраќај. Но, украинската служба за авиоконтрола изјави дека воздушниот коридор над 9.600 метри е отворен за цивилен сообраќај.

Соборениот малезискин авион наводно летал на висина од 10.600 метри кога исчезна од радарите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1