Недвижнината која некогаш била во сопственост на озлогласениот колумбиски нарко бос Пабло Ескобар, претворена е во луксузно сместување исполнето со уметнички дела.
Вилата е сместена на плажа во градот Тулум во Мексико. Сега е реновирана и претворена во хотел, кој е во сопственост на њујоршката компанија “Lio Malca”, која се занимава со трговија на уметнички дела.
Откако Ескобар ја напуштил, вилата останала запуштена, а од 2012. година е целосно реновирана во 2015. година отворена како хотел со 5 ѕвезди.
Вилата има 8 соби, а се наоѓа на чекор од плажата со бел песок. Внатрешноста е уште поинтересна, а од вратата веднаш внимание привлекуваат персиските теписи.
Во лобито има фотографии, скулптури и мебел од некои од најценетите уметници и дизајнери, а интересно е тоа што распоредот на уметничките дела во хотелот често се менува, за да може посетителите да уживаат во различни дела.
Спиралните скали водат до кровот, а таму има бар каде се организираат разни настани, додека кулата нуди тропски поглед.
Стаклени врати ја делат куќата од плажата, а ако гостите не сакаат да капат во море, за нив има огромен базен.