Левица досега поднесе 425 приговори до ДИК


Левица подднела дури 425 приговори за изборни нерегуларности до Државната изборна комисија, а во текот на денот најавуваат и дополнителни приговори, информираат од партијата.

Од партијата на Димитар Апасиев сметаат дека им следуваат уште три пратенички места, по веќе освоените две по прелиминарните резултати.

„По бројните нерегуларности во процесот на броењето и сумирањето на резултатите од гласањето, како и по добиените информации за случени манипулации и фалсификати, Политичката партија Левица – преку овластеното лице во ДИК – досега поднесе 425 приговори за нарушување на изборниот процес до Државната изборна комисија.

Овие приговори се однесуваат на голем дел од избирачки места од повеќе изборни единици каде набљудувачите на Партијата, но и други лица кои непосредно беа сведоци на броењето на гласовите, ни дадоа информации за манипулации спроведени од страна на лица на ДИК.

Со овие манипулативни активности директно е оштетена Политичката партија Левица, на која ѝ се скратени три пратеници, а директно е нарушено и правото на избор на граѓаните чии гласови не се правилно валоризирани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1