Ахмети: Заев треба да им се извини на Албанците


Во интервју за „Еуроњуз Албанија“ претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети зборуваше околу позициите на ДУИ, за можностите за обединување на албанскиот фактор во Македонија по изборите на 15 јули како и за можната коалиција со СДСМ.

Запрашан за навредите на Зоран Заев кон Албанците кои беа објавени во разговори кои протекоа во јавноста, Ахмети рече дека не се чувствува добро во врска со навредите и дека очекува од Заев да им понуди извинување на Албанците.

„Секако, не се почуствував добро со тие навреди… но мислам дека Заев ќе најде сила да побара прошка од Албанците. Тој направи еден чекор, но не вистинскиот, тој таа навреда ја оправда со тоа што кажа дека наводно мислел на ДУИ, но таа навреда не се однесуваше кон ДУИ, туку директно кон Албанците и мислам дека Заев треба да им се извини на Албанците“, порача Ахмети во интервјуто.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1