Лезбијка од Македонија доби азил во САД – била дискриминирана тука


Адвокатската куќа „Хоган Ловелс“ од САД  соопшти дека лезбијка од Македонија успеала да добие азил во САД поради страв за својот живот и безбедност, односно прогонство во случај на враќање во земјата.

viza usa„Хоган Ловелс“ кои бесплатно ја застапувале македонската државјанка во своето соопштение велат дека жената ја криела својата сексуална ориентација поради страв за нејзиниот живот. Кога другите откриле дека жената е лезбејка, поединци се заканувале дека ќе ја убијат. По овие случувања таа побарала заминала во САД каде што веднаш побарала азил со помош од

„Хоган Ловелс“. На 18 фебруари годинава азилот бил одобрен.
Оваа адвокатска куќа има голема традиција на застапување на бесплатна правна помош на клиените ширум светот кои немаат средства за пристап до правда во Соединетите американски држави, но работат и на случаи во други држави кога имаат тим за соработка во истите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1