Според најновите иструвања научниците се сигурни дека на 660 километри под Земјината површина, во минералот рингвудит е заробено огромно количество вода. Тие тврдат дека под Земјината кора се крие подземен “океан” кој е три пати поголем од сите океани на површината.
водачот на истражувањата од Нортвестерн Универзитетот, тврди и дека постојат докази дека водата на Земјата дошла од внатрешноста, и се појавила на површината преку геолошка активност. До сега преовладувачка теорија е дека водата на Земјата ја носат комети од мраз, кои удираат во планетата во периодот на формирањето.
Мислам дека конечно гледаме доказ за целиот воден циклус на Земјата, кој може да ги објасни огромните количества на течна вода на површината на нашата планета, велат научниците за медиумите
Минералот рингвудит, има кристална структура и функционира како сунѓер – го привлекува водородот и ја заробува водата.