Личи на марихуана но ова е всушност темјан. Оваа кесичка со ароматизираната билка е вистински хит меѓу младите корисници на дрога но е исто така смртно опасна. Оние кои се поупатени знаат дека ваквите препарати со години се користат во САД и зедоа многу млади животи, но на Балканот нивната популарност почнува да расте токму сега.
Оваа билка која се користи за освежување на воздухот изгледа идентично како и марихуаната, со тоа што има послаб мирис. Се користи исто како и марихуаната, односно се меша со тутун и се прави цигара.
Во продавниците во Србија чини околу 10 евра за кесичка. Репортерите на весникот Блиц без проблем си купиле една кесичка во блиската продавница. За тоа добиле и фискална сметка но и картонче за виткање филтри, меѓу корисниците на дрога познати како „фасови“.
Законот ја третира како ароматична билка за освежување на воздухот, но таа има ефекти како и на дрога. Корисниците велат дека чувството е исто како марихуаната со тоа што трае пократко и не може да се открие со стандардните тестови за дрога кои родителите ги купуваат во продавниците.
Но конзумирањето на овој освежувач веќе ја однесе и првата жртва на Балакн – во Хрватска имаше смртен случај. 15 годишно момче починало откако испушило една цигара.
Пазете си ги децата: 15 годишно дете почина – пишело тутун со освежувач за воздух