Лидерот на Ал Каеда се закани – следуваат нови напади на западни држави


Лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Ајман ал Завахири повика за нови напади врз западни држави и ги поздрави нападите извршени од Палестинци во Израел. alkaeda.jpg-500

 

Повикот е упатен преку видео порака поставена на Твитер и публикуван од американскиот Центар за надзор на исламистички сајтови СИТЕ.

Пораката не е објавена на џихадистички форуми како што е вообичаено. Во неа Завахири повикува на засилување на нападите на т.н. самотни волци како Мохамед Мера кој тврдеше дека е од Ла Каеда и кој во 2012 година застрела седум луѓе во јужна Франција пред да биде ликвидиран од полицијата. Завахри повикува да се извршат напади врз САД на нивна територија и да се напаѓаат американски интереси во светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1