Лидерска средба закажана ноќеска на полноќ


Лидерска средба е закажана ноќеска на полноќ. Ова е нов обид да се вратат во тек преговорите кои пропаднаа пред неколку дена по 12-часовните разговори во присуство на еврокомесарот Хан.

Откако деновиве посредникот Ванхауте имал одвоени средби со претставниците на сите партии, вечерва е организиран повторно заенички состанок на кој ќе дојдат и партиските лидери на четирите партии кои учествуваат во преговорите, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи.gruevski zaev ahmeti taci

Терминот на полноќ е избран најверојатно како единствен слободен за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски.

Тој вечерва во 21 часот се враќа од Шпанија од конгресот на европските десничарски партии, во 21 И 30 ќе држи говор на прославата на 23 Октомври- Денот на македонската револуционерна борба, а изутрина патува во официјална посета на Обединетите арапски емирати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1