Лифт и ресторан на врвот на Милениумскиот крст


Откако беа изградени 66-метарскиот Милениумски крст и жичницата на Водно, Јавното сообраќајно претпријатие што стопанисува со целиот тој простор интензивно работи на изградбата на лифтот на крстот и на создавање услови за идниот ресторан, кој на посетителите треба да им понуди пријатен престој на Крстовар. Целиот тој потег ќе стане елитен простор што на граѓаните, освен што ќе им нуди место за релаксација, ќе им даде и чиста вода за пиење. Тоа е нешто што одамна се очекува и беше во најава.MILENIUMSKI KRST

– Со овој зафат се опфатени повеќе активности. Антикорозивна заштита, илуминација, инсталирање нов лифт и надворешни скали, одвод и довод на пивка вода, резервоар за пивка вода, пречистителна станица/бунар и надворешна инфраструктура, информираат од претпријатието за Нова Македонија.

На длабочина од 200 метри на самиот врв на Водно е ископан бунар, кој за потребите на посетителите, но и за ресторанот што ќе се гради, ќе биде од големо значење. Во моментов се работи и на инсталирање лифт на самиот крст, кој на посетителите ќе им понуди уште поубава глетка на метрополата.

 

– Лифтот ќе оди до самиот врв на Милениумскиот крст. Тој ќе им понуди на посетителите нешто што досега го немало на Водно. Панорамски поглед на градот, без ниедна пречка од дрвја и гранки, информираат од претпријатието.

Трета и последна новина што наскоро ќе го краси Водно е изградбата на ресторан. Од ЈСП информираат дека ресторанот е завршен и се чека градежните активности да завршат за да почне со работа за сите посетители што ќе сакаат цел ден да се забавуваат на врвот на скопскиот бисер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1