Лигава алга се шири низ светот како тумор!


Ситната слуз „дидимо“ долго време живее во реките на Јужна Америка, Европа, Австралија и на Азија, а за нејзиното ширење научниците прво ги обвинувале рибарите кои со чамците ја пренесувале од река во река. Меѓутоа, сега дошле до нови сознанија

 06102014213915_didymo
За оваа лигава слуз виновна е микроскопската алга со латинско име „Didymosphenia geminata“. Научниците тврдат дека нејзината појава претерано не изненадува бидејќи таа не се однесува како обична алга. Таа веројатно настанала како резултат на поголеми промени во слатководните системи ширум светот. Прв пат била забележана во карпите на реката Хебер во Канада во 1988-ма година. Нејзините слоеви со времето станувале се подебели и за само неколку години прераснала во огромна слузна покривка.

Научниците велат дека однесувањето на оваа алга потсетува на ткивото на туморот.

– Се менува од бенигна во малигна. Секое нејзино стебло се фаќа за камењата и така настанува покривка од слуз. Таа се шири и расте само во водите во кои нивото на фосфор е високо. Колку е позагадена водата толку повеќе фосфор има, велат тие.

Научниците признаваат дека оваа алга уништила се што било направено во изминатите 50 години и дека со неа никако не можат да се изборат. BBC

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1