ЛИКВИДАЦИЈА СРЕДЕ МОСКВА: Најголемиот критичар на Путин убиен со 4 куршуми ФОТО (18+)


Борис Немцов, лидер на опозициското руско Движење за солидарност и критичар на претседателот на Русија Владимир Путин, убиен е во центарот на Москва, пренесе „Русија денес“.

Немцов е убиен со четири куршуми во близина на Плоштадот Василјевски Спуск. Во тек е увид, јави руската агенција Тас.

boris-nemcovБи-Би-Си пренесе дека Немцов шетал со една жена во близина на Кремљ, кога неколку луѓе излегле од автомобил и пукале во него.

Немцов е убиен во близина на Кремљ.Група на луѓе излегла од бел автомобил и упатила четири куршума на Немцов – изјави извор од руската полиција.Тој е убиен додека шетал со неговата сопруга.Интерфакс наведува дека напаѓачите се непознати а ниту неговата сопруга не можела да ги препознае бидејќи пукале зад грб.

B-4jdIBUEAE4wtV

Немцов е убиен во очи најавениот голем протест на руската опозиција во центарот на Москва, кои поединците го нарекле “Пролет’.Властите протестот го окарактеризирале како обид да се предизвика “рускиот Мајдан“.

Немцов во август 2012. објави извештај во кој тврдеше дека Путин троши милијарди рубљи на даночните обврзници за луксуз. Путин, наводно, за одржување на 20 луксузни резиденции, 43 авиони и четири јахти трошел 2,5 милијарди долари годишно.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков вечерва изјави дека рускиот претседател е потресен од бруталноста на убиството и рекол дека сите знаци упатуваат на платено убиство.Путин изрази длабоко сочуство до семејството на Борис Немцов и додал дека криминалците ќе бидат приведени кон правдата и наредил итна истрага.

Тој беше првиот заменик на премиерот во ерата на претседателот Борис Јељчин, во деведесетите години.Имаше репутација на економски реформатор додека бил градоначалник на Нижњи Новогорд, еден од најголемите руски градови.Роден е во Сочи.Докторирал на математика и физика на 25 години.Во политиката влегува како активист, протестирајќи против градењето на новиот нуклеарен реактор по катастрофата во Чернобил.Градоначалник на Нижњи Новогорд станал во 1991 година  а по 6 години Јељцин го повикал во Владата.Бил млад и перспективен па често се спомнувал како наследник на Борис Јељцин.

Оддалечен од властите кога Јељцин бил наследен од Владимир Путин, станува жесток опозиционер.По апсењето на тајкунот Михаил Ходорсков 2003 станал уште по-жесток со критиките кон Путин.Во август 2012 објавил саркастичен извештај “ Животот е роба на галијата“, тврдејќи дека Путин троши милијарди од буџетот за луксузирање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1