Веќе подолго време кружат гласини дека Лила Филиповска е во врска со братот на ракометарот Столе Стоилов, Стефан. Лила и Стефан во неколку пригоди досега прикачуваа истовремено фотографии направени на иста локација, но тој сам, а таа сама.
Во едно интервју водителката откри дека кога зборува јавно за љубовниот живот ја следи малер, па затоа овој пат иако е вљубена одлучила да молчи.
Сепак неретко таа знае да се пофали со романтичните подароци што ги добива, како накит и букети од многу рози. Очигледно дека во нивната врска не недостасува ниту страст, ниту романтика.
Неодамна Лила објави фотографија на која позира со колачиња покрај новогодишната елка облечена во сандали. Ова ја испоровоцира водителката Јована Стојменовиќ да прокоментира дека среде зима носи сандали, а Стефан не се воздржа да не се надоврзе дека Лила така се шета по дома.
Еве ја дискусијата што се разврза потоа, а и најнови фотографии од Стефан! Дали парот и јавно ќе ја потврди својата врска останува да видиме.
Извор: Вистина.мк