Лиле Поповска се тестираше за СИДА


lile test2

Пратениците во Собранието Лилјана Поповска и Ивон Величковски од Меѓупартиската група за ХИВ, вчера на павилјонот за ХИВ тестирање поставен на плоштадот Македонија, направија ХИВ-тест.

 Тие заедно со извршниот директор на ХЕРА Бојан Јовановски испратија пораки до граѓаните и тие тоа да го сторат, бидејќи иако бројот на ХИВ тестирања е зголемен, сепак статистичките податоци покажуваат дека до октомври 2012 година само 0.1% од граѓаните самоиницијативно направиле ХИВ-тест.

lile popovska test

Македонија има бесплатно ХИВ тестирање во 14 центри во земјава и затоа е битно сите граѓани, на ист начин како за други здравствени состојби, да направат навремена дијагностика.

Телефонот за информирање е 02/3176 950. Во Собранието на РМ е формирана Меѓупартиска парламентарна група за ХИВ во која членуваат 10 пратеници од 6 различни партии којашто ќе се бори против предрасудите и неинформираноста кои се најголемата бариера за елиминирање на ХИВ.

Вест

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1