Менаџерката на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ по трагедијата целосно се повлече од естрадата. Живее во Ниш и произведува етерични масла и одгледува лаванда. Петровиќ вели дека редовно е во контакт со родителите на Тоше, но нивната тага не може со ништо да се излечи.
„Утеха им даваат нивните внуци Кристијан и Никола, синовите на постарата сестра на Тоше. Постариот Кристијан многу потсетува на Тоше и пее и свири“, вели Петровиќ.
Обожавателите на Тоше последните денови почнаа да ја одбележуваат тажната годишница. Во Заводот за трансфузиологија во Загреб, на 3 октомври се одржа доброволно дарување на крв, а беа повикани сите оние кои го почитуваат и чуваат споменот за Тоше.
„Не поминува ден, а да не помислам на него. Поминувавме многу време заедно на патувања, концерти..Времето се уште не ги залечи раните“, изјави за „Јутарњи лист“ Љиљана Петровиќ, менаџерка на Тоше Проески.
Несреќата се случи на автопатот кај Нова Градишка, утрото во 6.20, кога Туарегот во кој се превезуваше Тоше удри во камион. На лице место загина младиот пејач, а неговата менаџерка и возачот минаа со полесни повреди.
Таа вели дека многу пати зажалила што тоа утро не го загуби животот заедно со пејачот.
-Трагедијата ни се случи на сите нас, а јас многупати зажалив зошто тоа утро не загинав заедно со Тоше само да се спасам од оваа силна тага. Нема врска ниту тоа дека тие ме избркаа за времето на погребот на Тоше. Тоа го зборуваат лошите луѓе кои живеат со црните мисли. А, луѓе како луѓе. Имаше секакви околу нас. …вели Лиља во ексклузивната исповед која ја даде за печатеното издание на магазинот Свет каде може да го прочитате и остатокот од разговорот со неа.