Лисиче не се гледа од чад – жителите едвај дишат, најавуваат протест


Жителите велат дека едвај дишат, а деновиве и куќите не се гледаат од густа магла. Ако за кусо време состојбата не се промени, жителите најавуваат дека ќе излезат на протести пред Општина Аеродром, пишува Вест.

Се жалат дека загадениот воздух им остава црнила на алиштата, колите и на дрвјата, па многумина веќе почнале и да се иселуваат.

Smog

“Цементарница ‘Усје“ деновиве не работи, а општините треба да го контролираат загадувањето поради сообраќајот, загревањето на домаќинствата и поради други извори за кои општините треба да се погрижат. Има краткорочни и среднорочни мерки, како и мерки на долг рок. Општините треба да проценат кои ќе ги преземат. Има начини да се пренасочи сообраќајот, ако голем дел од загадувањето е од тоа”, вели Сашо Секуловски, портпарол на Министерството за животна средина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1