Листа на глоби за сообраќајни прекршоци


Следуваат листа на поважните правила во сообраќајот и глобите кои следат за нивното непочитување.

Пропуштање пешаци на пешачки премин

Возачот е должен да го запре возилото пред обележан пешачки премин секогаш кога пешакот започнува да чекори по обележаниот пешачки премин. ( Во спротивно предвидена е глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност).

policija stopСигурносен појас

Возачот на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицето кое се превезува со тоа возило, се должни да бидат врзани со тие појаси за време додека возилото се движи во сообраќајот на пат. (Во спротивно предвидена е глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност).

Користење на мобилен телефон

По исклучок, мобилен телефон и други уреди можат да се користат за време на управување со моторно возило, ако притоа се употребува направа која овозможува нивно користење без употреба на раце. ( Во спротивно предвидена е глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност , односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода).

Намалена брзина на движење

Возачот не смее да ја намали брзината на движењето на возилото до таа мера што неговото возило претставува пречка за нормалното одвивање на сообраќајот.(Во спротивно предвидена е глоба  во износ од 20 евра во денарска противвредност , односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода).

Зголемена брзина во населено место

– На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 60 километри/час, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за негов дел.Глоба во износ од:

  •  300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 километри/час над дозволената брзина,
  • 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 километри/час над дозволената брзина или
  • 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода ако возачот се движи со брзина поголема до 10 километри/час над дозволената брзина.

Зголемена брзина надвор од населеното место

policija 44-На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:

  • 130 километри/час на автопат;
  • 110 километри/час на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
  • 80 километри/час на други патишта

Предвидени глоби од:

  • 300 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на возач кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 50 километри/час над дозволената брзина, покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеца.
  • 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 километри/час над дозволената брзина,
  • 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода доколку возачот се движи со брзина поголема до 30 километри/час над дозволената брзина.

Свртување

g_policijaВозачот на возило што свртува надесно, е должен свртувањето да го изврши движејќи се по крајната сообраќајна лента што се протега покрај десниот раб на коловозот, освен ако со сообраќаен знак на патот поинаку не е определено.Возачот на возилото што свртува налево е должен свртувањето да го изврши движејќи се по крајната лева сообраќајна лента што се протега покрај средишната линија и покрај замислениот или обележаниот лак што ги соединува двете средишни линии на страничните коловози. (Во спротивно е предвидена глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на горенаведеното) Во спротивно е

Првенство на минување

На крстосница на патишта од иста важност или во пресрет со друго возило, возачот е должен да го пропушти возилото што наидува од неговата десна страна.  Возачот на возило кој на крстосница свртува налево, е должен да гопропушти возилото кое доаѓајќи од спротивната насока, на крстосницата го задржува правецот на своето движење или свртува надесно, освен ако со поставенот сообраќаен знак поинаку не е определено. Возачот кој со возило влегува на пат што со сообраќаен знак е означен како пат со првенство на минување, е должен да ги пропушти сите возила што се движат по тој пат. ( Во спротивно е предвидена глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност).

Сообраќај на крстосница

policija maskiВозачот кој се приближува до крстосница, е должен да вози со зголемена претпазливост која им одговара на условите на сообраќајот на крстосницата. Возачот кој се приближува до крстосница, е должен да вози со брзина која овозможува да запре и да ги пропушти возилата што на крстосницата имаат првенство на минување. (Во спротивно е предвидена глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност , односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода).

На крстосница и на друго место на кое сообраќајот е посебно регулиран со уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, при непочитување на истите е предвидена глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност, додека за пешаци глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност.

Разминување

При разминување, возачот е должен од својата лева страна да остави доволно растојание помеѓу своето возило и возилото со кое се разминува, а по потреба своето возило да го помести кон десниот раб на коловозот. Ако возачот, заради некоја пречка на патот или заради другите учесници во сообраќајот, не може да постапи како претходно кажаното должен е да го забави движењето на своето возило и по потреба да го запре за да го пропушти возилото од спротивната насока.  (Во спротивно е предвидена глоба   во износ од 20 евра во денарска противвредност , односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода.

На делот од јавен пат со голем надолжен наклон (планински и слично) на кој разминувањето на возилата е невозможно или е многу отежнато, возачот на возилото што се движи низ наклонот, е должен да го запре своето возило на погодно место, ако забележи дека по наклонот одоздола во пресретму доаѓа друго возило.(Во спротивно е предвидена глоба  во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода).

Престигнување и обиколување

skoda jeti policija– Престигнување и обиколување возачот смее да врши само ако тоа не го попречува нормалното движење на возилата што доаѓаат од спротивната насока и ако на патот има доволно простор за безбедно изведување на тие дејствија.  Возачот не смее да врши престигнување и обиколување, кога со тоа, со оглед на карактеристиките во сообраќајот и на постојните околности на патот и во сообраќајот или со оглед на техничките својства на возилото со кое управува, ги загрозува другите учесници во сообраќајот.(Во спротивно е предвидена глоба во износ од 250 евра во денарска противредност)

– По престигнувањето или обиколувањето на едно или повеќе возила, возачот е должен штом ќе биде можно, да го изврши тоа без попречување или загрозување на другите учесници во сообраќајот, со возилото повторно да завземе положба на сообраќајната лента во која се движел пред престигнувањето односно обиколувањето. (Во спротивно е предвидена глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност , односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода)

– Возачот не смее да престигнува друго возило, освен велосипед, велосипед со мотор и мотоцикл без странична приколка, непосредно пред крстосница или непосредно пред и на премин на патот преку железничка или трамвајска пруга на ниво без браник или полубраник. (Во спротивно е предвидена глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност).

– Возачот не смее да престигнува друго возило кое се приближува кон обележан пешачки премин, кое преминува пешачки премин или кое застанало заради пропуштање на пешаци на тој премин. (Во спротивно е предвидена глоба во износ од 480 евра во денарска противвредност ,на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеца).

Запирање и паркирање

policija-znak250_11Возачот не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите. (Предвидена глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност , односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода)

Употреба на светла во сообраќајот

Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. ( Во спротивно е предвидена глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност , односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода )

Растојание помеѓу возилата

Возачот е должен да го управува возилото на оддалеченост од другите возила што учествуваат во сообраќајот, која одговара на брзината на движењето на возилото и другите околности на сообраќајот, при што со таа оддалеченост од другите возила не предизвикува опасност и не ги попречува другите возачи.(Во спротивно е предвидена глоба во износ   од 35 евра во денарска противвредност , односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода).

Движење на пешаци 

– Пешакот, по правило не смее да се движи и да се задржува на коловозот.  Ако пешакот се движи по коловозот, тој задолжително треба да се движи што поблиску до работ на коловозот и тоа мошне внимателно и на начин на кој не го попречува или не го спречува сообраќајот на возилата. (Во спротивно е предвидена глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност )

-Пешакот што е со намера да премине преку коловозот на место каде што не постои обележан пешачки премин, не смее да стапи на коловозот ако со тоа го попречува сообраќајот на возилата. (Во спротивно е предвидена глоба во  износ од 25 евра во денарска противвредност).

– На обележан пешачки премин на кој сообраќајот на пешаците е регулиран со светлосни сообраќајни знаци за пешаци, пешакот е должен да  постапува според тие знаци. (Во спротивно е pредвидена е глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност).

»Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече, кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,51 г/кг. до 0,99 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од три до шест месеци, под услови и начин утврдени со закон.

–Целата листа на – ПРАВДИКО–

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1