Листерија пронајдена и во пилешкото од „Екстра Меин“


Опасната бактерија листерија е пронајдена и во сурово пилешко и свинско месо од фабриката „Екстра Меин“, соопштија здравствените власти. Ова го покажале резултатите од земените мостри од фабриката кои ги испитувале акредитирани надлежни институции. Месото е увезено од Канада и Бразил. Сите прозводи на компанијата кои се сомнители ќе бидат повлечени од пазарот. Досега бил повлечен само вакумираниот сечкан свински врат за кој претходно беше откриено дека содржи листерија.

listeria-Сега откако имаме детекција на листерија и во суровината од која се прозиведуваат и други прозиводи, гледате има и во пилешки мом и во пилешки гради, инспекторите на агенција за храна се излезени на терен и гледаат дали сите тие прозводи треба да бидат одземени и подложени на дополнително испитување, рече министерот за здравство, Тодоров.

Резултатите од генотипизацијата на сомнителниот сечкан свински врат покажале дека тој содржи 90 пати повеќе од дозволените количини листерија во еден прозвод и дека тој е изворот на зараза со листерија кај 10 луѓе, од кои 5 починаа. Како последен доказ за присуство на листерија во производите на „Екстра меин“, властите го посочуваат примерот од Прилеп. Жителка на овој град доставила за контрола едно пакување сецкан свински врат што таа го конзумирала и едно неотворено пакување со ист лот. И во двете пакувања е пронајдена листерија неколку десетици пати над дозволеното.

На забелешките од компанијата во изминатите денови дека тие не може да одговараат за начинот на кој нивните производи се чуваат во продавниците, надлежните велат ако производот излезе од производство со нула колонии листерија, таа не може дополнително да се размножува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1