Не престанува да паѓа нафтата на светските пазари, а со неа не престануваат да паѓаат и цените на дериватите.
Имено, се очекува нов пад на цените на горивата благодарение на падот на цената на „црното злато“.
Засега не се знае точната бројка за колку денари ќе поефтинат енергенсите, па останува да го чекаме официјалното соопштение со кое ќе се произнесе Регулаторната комисја во понеделник. Се шпекулира дека е можно поевтинувње меѓу 2 и 3 денари по литар, што значи дека по повеќе години, дизелот ќе се спушти под 50 денари, а бензините под 60.
Македонија во моментов се соочува со рекорден пад на цените на дериватите во последните неколку години, со што грѓаните за ЕУРОСУПЕР БС-95 плаќаат 62,00 ден/литар, за ЕУРОСУПЕР БС-98 – 63,50 ден/литар, а за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) плаќаат 52,50 ден/литар.