Лиза Шаќири до Касами и Груби: Не не омаловажувајте, ретко кој дипломиран Албанец не знае македонски!


„Артан Груби ветил субвенции за приватни фирми кои ке вработуваат албанци (читај и други малцинства) додека Билал Касами побарал двојазичност во приватни фирми зошто дел од албанците не знаеле македонски!

Значи дечки, да се разбереме!

Прво, ние не сме ни глупи, ни необразовани, ни прости а фала богу здрави и прави, и конкурираме на трудовиот пазар еднакви и со македонци и со германци и други, и тука и во странство!

Не сме нисто помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми.

Тоа што вие како партија мозете да направите е барем мало делче на кадарот што го вработувате да не биде делегиран од вашата партија туку да им се даде еднаква шанса на сите албанци, без разлика на тоа има или нема вложено труд за партијата (или поседува или не партиска книшка).

Второ, ретко кој дипломиран албанец не знае македонски. Тие што студирале надвор од државава може да не знаат, ама тие не ви се враќаат тука да ве молат, се вработуваат во ТОП фирми низ Европа и Америка.

Двојазичност не можете да наметнете кај приватни сопственици, па ни македонски јазик не можете да наметнете кај албански или странски приватни фирми што работат тука.

Во приватниот сектор веќе постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам од берберот што ми е комшија и зборува освен својот македонски јазик и албански, па се до поголеми фирми.

Конечно, престанете да не омаловажувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите! Оваа ваша евтина популистичка и ко бајаги патриотска игра придонесува да уште по инфериорни изгледаме од тоа што им се причинуваме на македонците.

Faleminderit shumë, пријатно!“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1