Лизгање на земјиштето во БиХ остави стотици луѓе без домови


По обилните дождови и поплавите во Босна и Херцеговина се регистрирани околу 300 свлечишта. Речиси една третина од територијата на БиХ, пред се североисточниот дел на земјата, наликува на езеро од кал.

60949604-urusavanje-kuca-svrake-02Според босанските власти околу еден милион луѓе или над една четвртина од земјата живее во најпогодените зони. Селото Хорозовина во близина на Тузла е поделено на два дела поради лизгањето на земјитштето. Во свлечиштето уништени се осум куќи, а над сто се под закана.

Реоните долж реката Сава се под вода, а на некои места нивото на водата се зголемува. Стотици луѓе беа спасени со хеликоптери од поплавените градови и села.

Градоначалникот на Ораше испрати барање за помош. Ораше се наоѓа меѓу реката Сава од една страна и од друга страна е реката Босна, која веќе се излеа.

Повеќе од 10.000 луѓе се спасени од градот Бијелина, североисточна БиХ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1