ДУИ си игра со меѓуетнички оган само за да остане на власт


Непринципиелна политика, извртени тези, уцени, гола борба за фотелји… Сите овие карактеристики се дел од политичкиот репертоар на ДУИ, која како политичка групација од излегувањето од шума во 2001 година и седнувањето на преговарачка зелена маса стана дел од власта.

ali-ahmeti-duiПо коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година, Демократската унија за интеграција на Али Ахмети главно се обидуваше да фингира функционирање во рамките на системот и „играше“ според воспоставените политички правила, иако не отстапи од постапки што ги затегаа меѓуетничките односи.

dui-1На пример, кратко време по изборите издејствува амнестирање за четирите хашки случаи (преку автентичното толкување на Законот за амнестија). Исто така, во 2012 година Фатмир Бесими од ДУИ како министер за одбрана одведе делегација на Армијата на Република Македонија да се поклони пред споменик на загинати припадници на ОНА во Слупчане, а потоа партијата преку Талат Џафери како пратеник го блокира донесувањето на Законот за бранителите, со неговите долги говори, а потоа и долги часови молчење во собраниските комисии. Надвор од ова, ДУИ членуваше во Владата со ВМРО-ДПМНЕ, ја признаваше нејзината легитимност, како и таа на претседателот.

Но од минатата година работите почнаа повторно да излегуваат на површина кога лидерот Ахмети, во стилот на паралелен министер за надворешни работи, почна да патува низ странски држави и да разговара со странски политичари за проблемот со името меѓу Македонија и Грција (пропатува од Атина до Вашингтон). Ова од многу аналитичари беше протолкувано како дополнителен притисок врз македонската страна за да се попушти во спорот со грчките власти. Инсистирањето да се одблокира патот до евроатлантските интеграции се манифестира дури и со изјави како таа на високиот партиски функционер Рафиз Алити, дека Албанците ќе влезат во НАТО со или без Македонците (иако партијата подоцна се огради од неговиот став и го окарактеризира како личен).

Подоцна дојде и барањето за т.н. консензуален претседателски кандидат со ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ

ДУИ  во кампањата давале некои ветувања за кои сигурно знаеле дека се нереални, односно многу тешко прифатливи за кој било македонски партнер во власта, без оглед дали ќе победеше ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ.

– Такви примери се ветувањата за двојазичност на целата територија, или за гаранција дека еден од тројцата највисоки функционери ќе биде Албанец, или нивната сѐ уште неразбирлива формулација на „консензуален претседател“.

– Многупати сум кажал дека ДУИ се служи со гол политички прагматизам. Важно им е да дојдат на власт и да уживаат во бенефициите што ги носи власта. А принципот им е – да ветиме сѐ, па колку исполниме, толку, а другото ќе го ветиме повторно кога ќе дојдат нови избори – заклучува професорот Кекеновски

Nova Makedonija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1