Лондон: Автобус полн со патници газел сè пред себе


Британците во четвртокот попладне биле затекнати од веста за немилиот настан во кој популарниот лондонски црвен автобус, без сопирање најпрво удрил во возилото пред себе, а потоа и во уште неколку возила во Хакни во источен Лондон, додека патниците врискале и го молеле возачот да сопре.

Според првите информации, две лица се здобиле со тешки телесни повреди во несреќата која се случила во четвртокот на Лоуер Клаптон Роуд во 16:40 часот по локално време.

Драматичните снимки од судирите веднаш ги преплавиле социјалните мрежи, а на нив може да се види како автобусот со број 254, кој возел кон Алдгејт, во еден момент, без сопирање удира во црн теренец и го турка напред.

Еден од сведоците во несреќата за Daily mail рекол дека меѓу автомобилите кои автобусот ги прегазил, бил и еден во кој се наоѓало мало дете. Автобусот тој автомобил го туркал 100 метри.

Патниците во автобусот наводно се обиделе да го сопрат возачот кој, како што рекол еден од патниците, не делувал како да ги слуша нивните врисоци и поради тоа не направил ништо.

Уште не е познато зошто возачот се забил во останатите возила и зошто не го сопрел автобусот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1