Едно елитно училиште од Лондон им препорачува на своите ученици дека не треба да имаат „најдобар другар“, туку „повеќе добри другари“ со цел „да се одржи хармонијата во училниците“.
Раководството на училиштето смета децата што нема да имаат најдобар другар би можеле да се чуваствуваат повредени, како и дека најдобрите другарстав доведуваат до посесивни односи меѓу учениците.
Ваквата препорака предизвика неаздовлство кај голем дел од учениците и нивните родители, а наиде и на негативни оценки од страна на експертите.
Детскиот психолог Гајнор Сбутони, ја отфрла ваквата препорака, оценувајќи дека наставниците не би требало да се мешаат во тоа со кого ќе се дружат учениците, како и дека е сосема природно децат да сакаат да имаат најдобар другар.
Годишната школарината во училиштето чини 16.500 евра.