Во Њујорк во Централ Парк откриена риба со змиска глава (Видео)


Во езерото во популарниот Централ Парк во Њујорк е забележана невообичаена риба со глава на змија и остри заби.

riba central parkРибата се храни со жаби и слатководни ракови, а за разлика од другите риби, во одредени услови, може и со денови да преживее надвор од вода.

Ваквата риба не е новина во светот, бидејќи примероци од нејзиниот вид живеат во слатките води во делови на Азија, меѓутоа ова е првпат таа да биде регистрирана во природна средина во Северна Америка.

По откривањето на рибата, надлежните служби во паркот поставија табли со предупредување дека овој вид претставува опасност за екосистемот на езерото.

– Уловете ја и не ја пуштајте. Убијте је веднаш штом ќе ја уловите, замрзнете ја и јавете ни, се наведува на таблите.

0817007.73

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1