Тешко повредениот Михаил Шумахер доби воспаление на белите дробови во болницата ва Гренобл, пишува Билд
Забина Кем, агент на 45-годишниот Германец, рече дека не сака да ги коментира шпекулациите.
-Воспалението на белите дробови е опасно и сериозно заболување, бидејќи телото добива помалку кислород и генерално е слабо. Кај пациентот на интензивна нега имунитетот е слаб, така што може да предизвика откажување на органите и смрт- објаснува професорот Хајнц Петер Мек.