Лоцирани жариштата од каде се шири жолтицата во Штип


Вкупно 26 болни од жолтица се хоспитализирани во Штипската клиничка болница, од кои шестмина се со тешка клиничка слика, е билансот на епидемијата, која се шири низ Штип во текот на изминатите три месеци, а најмногу во месец август.

Епидемиологот од Институтот за јавно здравје – Скопје Жарко Караџовски, кој денеска заедно со група свои колеги е во Штип, веќе открија неколку жаришта во штипски населби меѓу кои и привременото живеалиште на околу 200 Роми во поранешното нервно одделение од каде се пренесува жолтицата во Штип.

labaratorija zoltica– Мапиравме неколку жаришта, ул. „Балканска“, ул. „Косовска“, поранешна Психијатриска болница, делот околу одредени изворишта коишто пациентите ги кажуваат па заради тоа пратив една екипа од специјалисти да земат 10 мостри од централниот градски водовод од каде што градот се снабдува со вода, меѓутоа и од сите поединечни чешмички, пумпи, бунари коишто ни ги посочија болните дека се во нивна непосредна околина, вели Караџовски.

Тој додаде дека епидемијата не потекнува од штипскиот градски водовод бидејќи, како што појасни, во тој случај би имале неколку стотици заболени лица од хепатит А. Во посочените населби населението со вода за пиење се снабдува од бунари кои се надвор од градскиот водоводен систем, а во привременото живеалиште на Ромите во поранешното психијатриско одделение не се одржува хигиена, односно немаат хигиенски услови.

Според анализите на Институтот за јавно здравје, таму се заболени неколку деца од предшколска возраст. Скопските епидемиолози открија дека жолтицата се шири преку контакти бидејќи има случаи на заболени татко – син, сосед со сосед, или по контакт помеѓу пријател со пријател. Поголемиот дел од пациентите се на возраст од 20 до 39 години.

Караџовски забележува дека и покрај тоа што во Штип има епидемија на жолтица пред стартот на учебната година, сепак, според него, почетокот на учебната година во сите основни и средни училишта во градот не е доведен во прашање.

oko zoltica 2Штипскиот градоначалник Илчо Захариев на денешната прес-конференција истакна дека општината веќе ги презела сите превентивни мерки за да не се шири жолтицата, зголемена е комуналната хигиена по штипските улици и се врши засилена дезинфекција во училиштата и градинките.

– Сите сегменти под надлежност на градот Штип се ангажирани и што е најважно водата од градскиот водовод е квалитетна и чиста, а на стручните служби од Центарот за јавно здравје останува да откријат од каде се шири заразата, вели Захариев.

Епидемиолозите препорачуваат засилени хигиенски услови во сите институции, едукација на населението, постојано миење на рацете, начинот на кој се консумираат зеленчукот и овошјето, но и населението да знае да ги препознава симптомите на жолтицата со цел навремено да се интервенира и да не се пренесува заболувањето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1