Ловец на торнада и ТВ ѕвезда – загина бркајќи го торнадото во Оклахома


Бројот на загинатите во торнадата во Оклахома и во соседните држави на американскиот Централен запад се искачи на 14, а меѓу нив се и тројца ловци на бури.

lovec na tornadaМеѓу жртвите на торнадата во Окхлахома е и Тим Самарас(55), една од ѕвездите на емисијата на Дискавери Ченел „Ловци на торнада”. Со него загина и неговиот син Пол(24), како и соработникот Карл Јанг(45).

Самарас беше еден од најголемите експерти за разорни бури, како и оснивач на компанијата Твистекс која се занимаваше со истражување на торнада.

Сите тројца загинале во Ел Рино, предградие на Оклахома Сити, а детали за несреќата нема премногу, само се знае дека ги зафатил вртлог со брзина од речиси 300 километри на час

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1